Паѓањето во ископ во каменоломот било фатално за 57-годишниот П.С. возач на товарен кипер во кумановско, информира полицијата. Во соопштението се наведува дека во Полициската станица за граничен надзор, вработен во каменолом вчера пријавил несреќа.
-При извршување на работи во каменоломот, П.С., возач со товарно возило „мерцедес бенз актрос“ – кипер, со скопски регистарски ознаки, паднал во ископ. Од лекар од Итна медицинска помош Куманово кај П.С.(57) од Куманово била констатирана смрт, се наведува во информацијата.
Извршен бил увид на местото од увидна екипа од СВР Куманово, во присуство на трудов инспектор.