Темно Режим Светло Режим

Возило на МВР удри во два мопеда, повредени се две девојки

Две девојки се повредени на скопското излетиште Матка откако во нив удрило полициско возило, информира полицијата.

-Вчера во 13.15 часот на паркинг кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М.(44), враќајќи се наназад удрило во два мопеди „јиајуе“ со скопски регистарски ознаки . Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје, се наведува во соопштението.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Повредени 17 припадници на АРМ во сообраќајка на патот Радовиш - Штип

Следниот Пост

Ќе биде ли денес Националната платформа за учење на далечина поарна од вчера?