Еди Рама убавините на Македонија ги претставува како да се дел од Албанија

Бура на коментари на социјалните мрежи предизвика синоќешното објавување на фотографија од Лешница на Шар планина во Македонија претставувајќи ја како убавина на Албанија.

-Прекрасната Албанија. Кањонот на Лешница, напиша Рама покрај фотографијата од водопадите на реката Лешница на Шар Планина.

По објавувањето на фотографијата следеше бура на коментари на социјалните мрежи, а реакција од македонската Влада се уште нема.

-На премиерот на Албанија, Еди Рама, не му иде добро географија или се прави дека не му иде. Сликава која ја ставил е од водопадите на Лешница на Шара, на територија на Македонија. Неук е или провоцира? И дали има наши органи кои би реагирале на вакви и слични присвојувања, напиша една граѓанка.

Претходна вестЌе биде ли денес Националната платформа за учење на далечина поарна од вчера?
Следна вестДома во Драчево имал кокаин, марихуана, куршуми…