Возило на МВР удри во два мопеда, повредени се две девојки

Две девојки се повредени на скопското излетиште Матка откако во нив удрило полициско возило, информира полицијата.

-Вчера во 13.15 часот на паркинг кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М.(44), враќајќи се наназад удрило во два мопеди „јиајуе“ со скопски регистарски ознаки . Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје, се наведува во соопштението.

Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

Претходна вестПовредени 17 припадници на АРМ во сообраќајка на патот Радовиш – Штип
Следна вестЌе биде ли денес Националната платформа за учење на далечина поарна од вчера?