Вработен во ЦИА кој дал информации на Викиликс осуден на 40 години затвор

Висока затворска казна во САД доби човек кој соработувал „Викиликс“. Имено, поранешен службеник на ЦИА е осуден на 40 години затвор поради објавување информации до кои дошол Викиликс.

Тој беше осуден по повеќе обвиненија: шпионажа, компјутерско хакирање, непочитување на судот, давање лажни изјави до ФБИ и поседување слики за сексуална злоупотреба на деца.

-Џошуа Шулте ја предаде својата земја со извршување на некои од најгрозоморните злосторства на шпионажа во американската историја, рече јавниот обвинител.

Шулте ги отфрли сите обвинувања.

Обвинителите го обвинија дека ги обелодени алатките на ЦИА „Волт 7“, кои им дозволуваат на разузнавачите да хакираат паметни телефони и да ги користат како уреди за слушање.

35-годишниот Шулте на Викиликс му дал околу 8.761 документ во 2017 година, што претставува најголемо нарушување на податоците во историјата на ЦИА, објави американското Министерство за правда.

Според Си-ен-ен, Шулте бил вработен како програмер во Центарот за сајбер разузнавање, кој шпионира терористички организации и странски влади. Обвинителите на судењето изјавија дека во 2016 година ги украл податоците и ги дал на Викиликс, а потоа ги излажал агентите на ФБИ за неговата улога.

Инаку, Викиликс е меѓународна непрофитна организација која издава преданија на приватни, тајни и доверливи медиуми од анинимни извори на известување. Нејзиното мрежно место пуштена во 2006 година и раководена од страна на Саншајн Прес создаде база на податоци од повеќе од 1,2 милиони документи за една година од пуштањето во употреба. Џулијан Асанж австралиски активист е главно опишан како нејзин директор.

На Викиликс се објавени илјадници документи од САД кои претходно не биле достапни за јавноста и дадоа друго светло на многу настани. За тоа Викиликс прими пофалби, но исто така и критики. Џулијан Асанж беше именуван за лице на годината од страна на читателите на Тајмс во 2010 година. Но, тој мораше да се крие во странски амбасади, гонет од властите во САД.

Претходна вестАмбасадорите на Италија и на БиХ во посета на Собранието
Следна вестЗемјоделците низ Европа блокираат гранични премини