За седум дена три нови случаи на голема кашлица во Македонија

Три нови случаи на голема кашлица се регистрирани во периодот од 01-07.11.2024 година, објави Институт за јавно здравје.

Пријавени се 2 случаи од Скопје и еден од Кратово.

-Два од случаите се на возраст под 1 година, невакцинирани и еден над 50 години со непознат вакцинален статус, велат од ИЈЗ и додаваат дека двајца се хоспитализирани.

Во 2024 година се регистрирани 1.154 лица, заболени од голема кашлица.

Најголем број од заболени лица се регистрирани на територијата на Скопје (70,5%), а заболени се регистрирани и во 22 други градови низ Македонија.

-Од вкупниот број на регистрирани случаи (1.154), 731 случаи (односно 63,3%) не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација, стои во известувањето од Институтот за јавно здравје.

Претходна вестНајмалку 24 загинати во самоубиствен бомбашки напад на железничка станица во Пакистан
Следна вест23-годишник од Битола осомничен за полов напад и силување