Темно Режим Светло Режим

Законот за прекршоци пред Уставниот суд: „Сејф сити“ критикуван за дискриминација

Проектот „Сејф сити“, кој треба да почне да се применува во најскоро време, веќе се соочува со правни предизвици. Законот за прекршоци, основата на овој систем за надзор и казнување преку пораки, заврши пред Уставниот суд по иницијатива на Алијансата за Албанците на Зијадин Села.

Села остро ја критикува селективната природа на законот, посочувајќи дека тој важи само за Скопје, Куманово и Тетово, што, според него, е директно противуставно. Дополнително, според политичарот, законот го крши и правото на двојазичност, бидејќи пораките за прекршоци се испраќаат исклучиво на еден јазик, а не на двата официјални јазици во земјата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Што е поблиску, внатрешното менување во СДСМ или неговото исчезнување?

Следниот Пост

Oпштина Центар: Преку Сервисот за стари лица, нашите сограѓани добиваат помош, грижа и човечка топлина во домот