Здравствениот дом „Железничар“ се приклучува во кампањата за поголема свест за машкото здравје

Здравствен дом „Железничар“ во Скопје денеска ќе се приклучи во кампањата за поголема свест за машкото здравје.

Пред платото на установата, денеска ќе се допринесе во светската кампања за подигнување на свеста за заштита на машкото здравје – „Грижи се за себе“, со земање крв за ПСА (ПСА), бесплатни скрининг тестови наменети за машката популација над 45 години.

Како што посочуваат од установата, со нивно присуство, настанот ќе го поддржат и заменик министерот за здравство Јовица Андовски и директорот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Кирил Лазов.

Претходна вестШутерско шоу на Јакимовски за три поени, го одигра најдобриот меч за Колорадо
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на когенеративната централа значително ќе го намали загадувањето на воздухот