Темен режим Режим на светлина

Бомба била фрлена во двор во Керамидница, повредено едно лице

Едно лице е провредено откако експлозивна направа била фрлена во двор на куќа во скопската населба Керамидница, соопшти полицијата. Според соопшението, инцидентот се случил во 09:20 часот.

-Во експлозијата повреден е Р.Т., кој веднаш бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на медицинска помош.

Надлежните органи преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Медиумите пренесуваат дека во нападот е повреден Раде Трајковски – Штекли и дека се работи за трет напад врз него.

Минатата година, во период од два месеци Штекли беше мета на напади во трговскиот центар Ист Гејт.

Во еден од нападите беше погоден во пет куршуми.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
ВМРО-ДПМНЕ започнува внатрепартиски промени во раководството

ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на когенеративната централа значително ќе го намали загадувањето на воздухот

Следна објава

Во Македонска пошта директорите незаконски си зголемувале плати и до 58 отсто