Жител на Желино е осомничен дека сакал да го секне кислородот за пациентите со ковид во тетовската болница

Четириесет и две годишен жител на селото Желино вчера бил приведен, бидејќи полицијата се сомнева дека тој е вмешан во оштетувањето на системот за централен довод на кислород во тетоската болница што се случи на 23 август.  Тогаш насилно беа оштетени две бакарни цевки, од кои едната  за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана.

-Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера околу 17 часот во Тетово го лишиле од слобода А.Р.(42) од тетовско Желино поради сомнение за негова инволвираност во оштетувањето на двете бакарни цевки во кругот на тетовската Клиничка болница, пријавено на 23 овој месец. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од СВР Тетово велат дека по барање на болницата по инцидентот е зголемено присуство на полицајци околу објектите.

Тогаш кога се случи овој монструозен настан, во болницата имало 125 пациенти на кои им бил загрозен животот.

Претходна вестФилипче објави дека денеска има под 900 новозаразени, причината за смртноста ја гледа во невакцинирањето
Следна вестИ покрај високите казни, не им доаѓа памет: 26 возачи казнети поади затемнети стaкла