Поголема група на македонски научници денеска излегоа со заеднична реакција во однос на како што нагласуваат континуираните бугарски негирања на посебноста на македонскиот народ и јазик. Во продолжение ви ја пренесуваме реакцијата во целост:
-Како македонски научни работници –проучувачи на македонската историја, култура, книжевност и на македонскиот јазик, најенергично реагираме на најновите оспорувања и негирања што доаѓаат од страна на бугарските политички претставници.
Особено со индигнација ги отфрламе обидите за прикажување на идеологот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, како личност која треба да биде дел од т.н. споделена или заедничка македонско-бугарска историја. Гoце Делчев е мaкедoнскa истoрискa личнoст чие дејствување претставува емaнaцијa на македонската ослободителна борба водена од многу генерации сè до создавањето слободна македонска држава. Посегнувањето по овој македонски великан значи бришење на мaкедoнскиoт aтрибут вo нaрoднaтa мемoријa и историја. Исто така, најостро ги отфрламе и безобѕирните невистини за македонската историја и за македонскиот јазик изнесени во објаснувачкиот меморандум на Р Бугарија. Овој меморандум е антицивилизациски преседан и политички чин на притисок и омаловажување на македонскиот народ и директно оспорување на неговото суверено право на самоопределувањеи на изразување насопствниот идентитет.
Токму затоа одговорно и непоколебливо, пред целата македонска и светска општествена и научна јавност, би сакале да истакнеме дека се засегнати македонската историска содржина и правото на интегритет и суверенитет на Македонците. Развитокот на македонскиот народ оди длабоко во историската вертикала и е резултат на историските процеси од антиката, па сè до денес. Тој развој се одвива со векови, исто како и кај другите народи, а го карактеризира борбата за опстојување на територијата на која живее, за зачување нанародниот јазик, за создавање национална книжевност и култура, како и на посебна црква и држава. Конечно, сите овие заложби се заокружуваат сонационалноослободителната војна и сопрвиот АСНОМ во 1944 г., кога се поставуваат и темелите на македонската државност.
Со тоа се создаваат услови за основање национални научни и образовни институции во Република Македонија, како што се Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонската академија на науките и уметностите, националнитеинститути за историја, за фолклор, за македонски јазик, за македонска литература, па сè до поновите високообразовни институции како што е Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и др. Научната мисла што се развива во нивсе надоврзува на делата на македонските преродбеници и интелектуалци од XIXи од XXвек. Како резултат на тоа, во изминативе речиси осум децении се создадениогромен број научнидела за историскиот развој на македонскиот народ, за неговиот идентитет и јазик, за неговата култура, кои се верификувани и признаени и во меѓународните научни кругови. Во таа смисла, формирањето комисии врз основа на политички билатерални договори не може да има научна легитимност и не треба да има пресудно влијание врз академската, но и врз пошироката јавност во Република Македонија.
Оттука, сметаме дека заемното почитување на разликите и на спецификите во идентитетот, историјата, културата, јазиците и во традициите е основа за добрососедство и заедничко разбирање на сите држави, вклучувајќи ги и Република Македонија и Република Бугарија. Историското ракување на двата народa, македонскиот и бугарскиот,не треба да значи проблематизирање на посебните вредности што се создавани во текот на изминатите векови. Во XXIвек e апсурдно политички претставници и институции воопштода се занимаваат со прашања што се во доменот на наукатазатоа што е во целосна спротивност со демократските и вредносните начела на современата цивилизација.
Уште еднаш нагласуваме дека историјата на македонскиот народ, неговиот идентитет, јазик, неговата култура не смеат да бидат основа за политички диктат. Идентитетските прашања за македонскиот народ, како и за кој било друг народ, имаат суштинско значење и неограничена вредност и во однос на нив не треба да има никакво отстапување!, стои во денешната реакција на македонските научници.
Во продолжение се имињата на потписниците:
д-р Тодор Чепреганов
д-р Наташа Котлар-Трајкова
д-р Михаило Миноски
д-р Новица Велјановски
д-р Илија Велев
д-р Јован Донев
д-р Митко Панов
д-р Лилјана Гушевска
д-р Маја Ангеловска-Панова
д-рСимона Груевска-Маџоска
д-р Наде Проева
д-р Валентина Миронска-Христовска
д-р Нада Јурукова
д-р Елка Јачева-Улчар
д-рВера Лалчевска
д-рСтефан Влахов-Мицов
д-р Ѓорги Чакарјаневски
д-р Славчо Ковилоски
д-р Никола Жежов
д-р Катерина Младеновска-Ристовска
д-рТеон Џинго
д-р Веселинка Лаброска
д-р Снежана Веновска-Антевска
д-р Гоце Цветановски
д-р Силвана Сидоровска-Чуповска
д-р Васил Јотевски
д-р Стојко Стојков
д-р Коста Аџиевски
д-р Бранислав Светозаревиќ
д-р Александар Атанасовски
д-р Виолета Ачкоска
д-р Константин Миноски
д-р Владимир Трајковски
д-р Михајло Поповски
д-р Тони Филипоски
д-р Драгица Поповска
д-р Билјана Ванковска
д-р Лидија Ѓурковска
д-р Марјан Ивановски
д-р Васко Дукмеџиев
д-р Габриела Топузовска
д-р Мишо Нетков
д-р Ицо Најдовски
д-р Соња Николова
д-р Верица Јосимоска
д-р Драган Ѓалевски
д-р Ѓорги Сајкоски
д-р Невена Трајков
Алдо Климан, писател