Сончево со умерена облачност

Сончево време со мала до умерена локална облачност. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 27 степени, најавуваат метеоролозите за денеска за скопското подрачје.

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Во попладневните часови во западните планински предели ќе има услови за ретка појава на локален краткотраен дожд. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат до 29 степени.

Претходна вестСтартува 5-тиот Меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности
Следна вестПриведен напаѓачот кој го повреди докторот на Клиника за токсикологија