Стартува 5-тиот Меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности

„Богородичен покров“ е насловот на петтиот по ред Меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности што почнува вечерва во 19 часот во Кинотека.

Фестивалот ќе трае до 24 октомври, а ќе бидат прикажани 10 филмови од Русија, Чешка, Унгарија, Романија и Франција. -Ова е единствен фестивал со ваков жанр на филмови и има цел да придонесе за воздигнување на човечките, духовните и семејни вредности во општеството, соопшти организаторот на фестивалот Топ Ворлд – независна ТВ продукција од Скопје.

На отворањето на фестивалот во име на почесниот претседател проф.д-р Јован Таковски, ќе се обрати протојерej-ставрофор, деканот на Богословски факултет Св. Климент Охридски Ѓоко Ѓорѓевски кој ќе ги додели и дипломите за духовни и хумани вредности на покровителите и гостите. Во културната програма ќе настапат дел од групата Синтезис и вокален ансамбл Мелизма.

Претходна вестКаде завршија многуте мигранти фатени во Македонија за време на ковид-кризата?
Следна вестСончево со умерена облачност