Каде завршија многуте мигранти фатени во Македонија за време на ковид-кризата?

Вкупно 28 лица од Бангладеш, Пакистан и Авганистан биле најдени како се кријат во две куќи во селата Лојане и Ваксинце вчера наутро, а газдите на домовите биле веднаш приведени за сторено кривично дело криумчарење на мигранти. Меѓу 28-мината имало и 4 малолетници.

Но не е само вчера и 28 е релативно мал број на нелегални мигранти фатени на дневно ниво. Има денови кога бројката е трицифрена. И сите овие информации се за поздрав во однос на работата на полицијата која ги „лови“. Но што е со натамошното процесирање на овие луѓе? Стојат неодговорени неколку прашања:
-Станува збор за илјадници фатени последниве месеци со ковид – кризата, каде се сите тие? Во центарот во Гевгелија не се… И во скопскиот можат да останат ако бараат азил кај нас – што речиси и да не се случува оти целта на овие луѓе е Европа.
-Последниве се најдени во куќи, што значи ако имало заболени од ковид 19 – нов кластер веќе живее и се шири… Колку вакви и слични ситуациии имало за кои не знаеме? Ги прегледува ли некој?
-Зошто надлежните и покрај повиците на медиумите не излегуваат јасно да објаснат каква е процедурата откако ќе ги фатат, дали и кој ја контролира нивната здравствена состојба и каде завршуваат?

Нејаснотиите и молкот во исто време кога МВР секојдневно информира за фатени мигранти или уапсени луѓе кои криумчарат, зборува и делува во насока на контирнуирано неверување на државниот апарат односно губење на довербата кон институциите. Граѓаните очекуваат и бараат објаснувања…

Претходна вестМВР: 339 санкционирани возачи во Скопје
Следна вестСтартува 5-тиот Меѓународен филмски фестивал за духовни, хумани и културни вредности