Апсење пред тетовската болница

Пред Клиничка болница Тетово, на ул.„29 Ноември“ вчера околу 15:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Н.Х.(48) од Тетово и М.А.(32) од с.Челопек, тетовско.

Како што информира МВР лицата се приведени бидејќи Н.Х. со дрвен предмет го нападнал М.А., а при интервенцијата, полициските службеници биле попречувани во вршењето на службените дејства од М.А., кој притоа се здобил со повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестКога под контрола ќе се стави прашината од градилиштата?
Следна вест49 македонски научници со реакција на бугарскиот меморандум: Tоа е антицивилизациски преседан