Кога пред неколку години беа поставени информативните паноа целта беше да ги запознаат посетителите и туристите во Скопје со значењето на објектите пред кои се ноаѓаат. Ги имаше на повеќе локации – пред значајни објекти, пред споменици и во напишаното беа содржани информациите зошто некоја личност или објект се значајни за градот.
Но, сега напишаните информативни текстови се избришаа или ги откорнале „граѓани“ и сега на овие табли не може веќе да се прочита ништо. Во тоа се уверивме и сами кога деновиве обиколивме неколку од нив – пред спомен-куќата на Мајка Тереза, пред спомениците кај Камениот мост, спроти македонскиот парламент, кај мостот „Гоце Делчев“… На ниту еден од нив не можеше ништо да се прочита и тие претставуваа само парчиња лим поставен во јавниот простор.
Дали надлежните планираат да ги поправат или следниот чекот ќе биде нивно остранување?
Додека да се реши таа дилема, сепак информативните табли ни кажуваат многу за скопските институции.