Темно Режим Светло Режим

Алармантно, не запира црниот биланс: Шест починати и 386 новозаразени од вирусот

Нов црн биланс во врска со корона кризата е забележан во измиантово деноноќие во Македонија: шест починати пациенти и 386 новозаразени лица.

 Починати се 6 лица, од два пациенти од Скопје (67г. и 67г.), пациентка од Тетово (72г.), од Битола (44г.), Струга (62г.) и Свети Николе (81г.), соопшти денеска Министертсвото за здравство.

Во последните 24 часа се направени 2267 тестирања, а регистрирани се 386 нови случаи на ковид-19 во:  Скопје 178, Куманово 18, Дебар 1, Штип 8, Прилеп 20, Тетово 13, Струга 9, Велес 5, Битола 13, Охрид 7, Кавадарци 3, Гостивар 4, Гевгелија 18, Струмица 44, Крива Паланка 7, Радовиш 4, Кочани 10, Пробиштип 1, Македонски Брод 1, Берово 7, Валандово 3, Виница 2, Делчево 1, Свети Николе 3, Кичево 4 и Неготино 2 лица.

Advertisement

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти.

Досега во Македонија се направени вкупно 203779 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 20163, бројката на оздравени пациенти е 16009, на починати е 781, а во моментов бројот на активни случаи во Македонија изнесува 3373.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Возачите се подисциплинирани или полицијата олабави: Вчера само 33 лица возеле пребрзо

Следниот Пост

Борисов: Вознемирен сум од вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во резолуцијата на ЕП