Темно Режим Светло Режим

Алушовски: И покрај паузата од еден месец ракометарите покажаа завидно ниво

По синоќешната победата на вардаровите ракометари над германскиот ракометен великан Флензбург, се огласи тренерот на РК Вардар, Стевче Алушовски, изразувајќи задоволство од прикажаното на неговите избраници.

-Ова е голема победа која ќе ни даде потстрек за понатаму. Честитки до момците на карактерот, кои и покрај паузата од еден месец покажаа завидно ниво. Добро бевме подготвени и добро ја имавме анализирана играта на противникот. Двата бода се големи и ни го отвораат патот кон осминафиналето. Пред нас е нов натпревар, против Порто. Посакувам уште еден добар меч, посочи Алушовски.

За потсетување: за „црвено-црните“ ова е прва победа по два одиграни натпревара во А-групата од Лигата на шампионите, додека Флензбург го забележа првиот пораз во четвртиот свој настап.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

ВМРО-ДПМНЕ на нов протест против злоупотребата на европските пари

Следниот Пост

Левица: Дали Манчевски се повлекува поради сомнежите за незаконски вработувања во судовите?