Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе одржи нов простест како дел од серија на протести кои ги одрѓжува последниве недели. Протестот посветен на револтот од злоупотреби на средства од европските фондови ќе почне во 18.30 часот пред Министерството за правда.
-Веќе три години се читаат и слушаат скандали во медиумите со докази за проневери и сомнежи за криминал, а ЈО и финансиската полиција молчат. Се молчи за скандалот во кој 270.000 евра ѝ беа доделени на фризерница од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Се молчи и за скандалот, каде што се доделени 83.000 евра за тренирање хрватско магаре. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани од 18.30 часот, на протест од Министерство за правда до Секретаријат за европски прашања и да се стави стоп за злоупотреба на европските пари, соопшти партијата.