СДСМ: Сите заедно мора да бидеме свесни и одговорни, за да ја добиеме оваа војна со невидливиот непријател

Владата ги усвои препораките од Комисијата за заразни болести со цел поголема заштита на јавното здравје и на здравјето на секој еден граѓанин, соопштија од СДСМ. Од партијата додаваат дека мерките кои ќе стапат на сила по законските измени предвидуваат да се носи маска, марама или шал и на отворено, да нема групирање на повеќе од четири лица на отворено после 22 часот и во домовите да биде дозволено присуство од четворица гости, покрај членовите на семејството.

-Веќе им се зголемени ингеренциите на сите инспекторати, да можат на лице место да изречат забрана за вршење на дејност до 30 дена за правни лица, што не ги почитуваат ковид протоколите. Живееме со вирусот, ова е нов начин на живот, мора да воспоставиме нови навики, мора да бидеме дисциплинирани и одговорни граѓани и да ги почитуваме мерките и протоколите“, соопштија од СДСМ.

Од таму додаваат дека борбата против коронавирусот е заедничка, на сите граѓани и на сите институции, сите заедно мора да бидеме свесни и одговорни, за да ја добиеме оваа војна со невидливиот непријател.

Претходна вестПо вчерашниот рекорден број на новозаразени Комисијата ќе расправа за нови рестрикции
Следна вестВМРО-ДПМНЕ на нов протест против злоупотребата на европските пари