Вардар ја пречекува Шкендија во дерби натпреварот од 9. коло во ПМФЛ

Актуелниот првак Вардар попладево го пречекува лидерот Шкендија во премиерниот натпревар од 9. коло во ПМФЛ.

Вардар нема победа над тетовскиот прволигаш на домашен терен на последните шест меча во сите натпреварувања, а од последниот триумф изминаа точно три години.

Дерби пресметката на 9.коло во ПМФЛ се игра попладнево од 14:30 часот, а преостанатите натпревари се на програмата в недела.

Академија Пандев – Шкупи,

Борец – Македонија ЃП,

Ренова – Пелистер,

Силекс – Работнички

Струга Трим – Беласица.

Претходна вестОсумдесетгодишен старец извршил обљуба на малолетно девојче во велешко
Следна вестНе загадуваат само оџаците во Скопје, ако не сакате да ги видите другите, ни дрон не ве спасува!