Шкендија во дербито го декласира Вардар

Бранителот на титулата Вардар доживеа тежок пораз во дербито со Шкендија. Во Скопје Шкендија славеше со 5:1 и ја задржа првата позиција на табелата. Екипата од Тетово нема пораз од Вардар на последните 13 натпревари.

Вардар добро влезе во мечот преку Поп Златанов постигна гол во 12 минута, но во преостанатото време Шкендија немилосрдно ги казни сите слабости во играта на актуелниот првак.

Три минути по голот на Вардар Рамадани израмни со прекрасен гол. До крајот на полувремето Шкендија направи целосен пресврт. Ахмеди во 40 минути обезбеди предност за Шкендија по првото полувреме.

Во вториот дел Шкендија спакува уште три гола во мрежата на Вардар.

Ибраими зголеми на 1:3 во 61 минута, откако две минути претходно Дориев го погоди дирекот од вардаровиот гол. Дваесет минути подоцна гол постигна и Тотре, а точка на мечот со својот втор гол стави Ахмеди.

Претходна вестСончево време со максимална температура до 22 степена
Следна вестТешко повредено момче во сообраќајна незгода на патот Кавадарци-Росоман