Темно Режим Светло Режим

Апсење пред тетовската болница

Пред Клиничка болница Тетово, на ул.„29 Ноември“ вчера околу 15:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово биле лишени од слобода Н.Х.(48) од Тетово и М.А.(32) од с.Челопек, тетовско.

Како што информира МВР лицата се приведени бидејќи Н.Х. со дрвен предмет го нападнал М.А., а при интервенцијата, полициските службеници биле попречувани во вршењето на службените дејства од М.А., кој притоа се здобил со повреда.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Кога под контрола ќе се стави прашината од градилиштата?

Следниот Пост

49 македонски научници со реакција на бугарскиот меморандум: Tоа е антицивилизациски преседан