Темно Режим Светло Режим

Дупло поскапени билетите во културни институции финансирани со државни пари, Mинистерството за култура вели дека цените се умерено коригирани

Поскапеа билетите во Драмски, Филхармонија и МОБ,   инстутуции кои  се целосно финасирани од буџетот. Поскапувањето предизвика реакции од страна на граѓаните дека со ова се оневозможува пристапот  до културата и уметноста во главниот град, со оглед на тоа што цените се скоро покачени дупло.

Пример во МОБ сега билетите се по 800, 1.000 и 1.200 денари, а порано беа по 300, 400 и 500 денари, додека во  Драмски  до пред неколку години билетите беа по 300  па поскапеа на 500, а сега највисоката цена е 1.000 денари.

Од посочените инстутуции велат дека високите цени се должат на гостувањата на  гости однадвор кои треба дополнително да се платат. Додека Министерството за култура вели дека цените биле умерено коригирани.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Д-р Баткоски ја води стоматологијата кон Европа: Првиот имплант тренинг центар на „Ditron Dental“ во Охрид

Следниот Пост

„Кавалерија Рустикана" на сцената на МОБ на 28 јануари