Темен режим Режим на светлина

Две лица загинаа, а четири се потешко повредени во три одделни сообрајќајни несреќи во Mакедонија

Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал Уапсен 46-годишен скопјанец, прегазил и повредил жена па побегнал

Загинати двајца возачи, а еден возач и тројца сопатници од кои едно малолетно дете се потешко повредени. Ова е билансот од три потешки сообрајќајни несреќи случени во изминатото деноноќие во Македонија.

Животот го загубиле 56-годишник од Косово и 41-годишна жена од Кичево.

Првата несреќа се случила на магистралниот пат Граничен премин Деве Баир-Крива Паланка, каде излетало возило од патот со косовски регистарски ознаки. Втората е во Македонски Брод каде исто така од патот излетало возило со кичевски регистарски ознаки. А третата се случила покрај автопатот „Пријателство”, кон Граничниот премин Богородица.

На лице место извршен е увид од надлежни лица за трите несреќи.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

„Кавалерија Рустикана" на сцената на МОБ на 28 јануари

Следна објава

„Стоп за Усје" вечерва на протест во близина на цементарницата Усје, бараат независен мониторинг и институционална реакција