Темен режим Режим на светлина

СДСМ не ги поддржува законските измени за „безбеден град“ поради заштитата на личните податоци

СДСМ нема да ги поддржи измените на Законот за прекршоци поврзани со системот „Безбеден град“, поради нејаснотии околу контролата и заштитата на личните податоци. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој вели дека СДСМ не е против безбедноста во сообраќајот, туку против парцијална имплементација на системот без јасни законски механизми за заштита на огромната база на податоци. Филипче порача дека СДСМ ќе остане конструктивна, но не и „контролирана опозиција“, и дека нема да поддржи закон во кој клучните аспекти, особено безбедноста на податоците не се прецизно регулирани.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Камион излета во провалија кај Деве Баир, возачот загина на лице место

Следна објава
Јавна расправа за „Усје“ – активистите бараат построги еколошки стандарди

ТИТАН Усје: Неоснованите напади само кон една компанија се неразбирливи – фабриката не работи, а загадувањето е високо