Екипата на Работнички ќе биде значително засилена во продолжението од сезоната со ангажманот на две нови имиња.
Александар Костоски, чие доаѓање беше најавено уште во декември, официјално ќе го облече црвено-белиот дрес како слободен играч. Последен клуб за кој настапуваше беше Пелистер, а за Работнички има играно на почетокот од својата кариера, во периодот од две илјади и шестата до две илјади и седмата година.
Второто засилување е Младен Грушановиќ, кошаркар добро познат на македонската јавност. Тој претходно настапуваше за Гостивар и игра на позицијата крилен центар. Грушановиќ е поранешен младински репрезентативец на Србија и има искуство и од АБА два лигата, каде беше дел од тимот на Ловќен.
Работнички во следното коло ќе настапи на домашен терен, каде во салата „Независна Македонија“ ќе го пречека составот на ТФТ.