На единствена казна доживотен затвор во Струмица денеска е осуден Марјанчо Велев (55) заради убиствата на Александар Мицев во октомври 2018 година и на Ристо Иљашев во мај минатата година. Основниот суд оваа единствена казна му ја изрече по судската постапка за убиството на Мицев и откако во февруари годинава му била изречена судската казна од 20 години затвор за убиството на Иљашев.
За постесување, телото на убиениот Иљашев беше пронајдено во браната „Турија“ на 20 јуни лани затворено во метално буре.
На судењето за убиството на Александар Мицев, чије тело, исто така, било пронајденот во браната Турија, обвинителството го товараше Велев за убиство извршено на 9 октомври 2018 година при што од зад грб пукал со огнено оружје калибар 5,6 милимитери со два куршума во главата на Мицев. Телото на Мицев беше пронајдено на 5 август лани.
Според обвинителството, осудениот Велев откако со убиениот склучил договор за купопродажба на недвижен имот, заедно заминале во село Добрејци за наводна исплата на парите во готово, по што искористувајќи ја приликата кога останале сами и довербата која оштетениот ја имал во него, со два куршума во главата го лишил од живот оштетениот Александар Мицев. Главата му ја завиткал во перница и стреч фолија, го ставил во метален резервоар и го фрлил на дното на езерото „Турија“.
Во образложението на пресудата судијката Марина Абрашева истакна дека го применила член 44 од Казнениот закон за утврдување единствена казна затвор од доживотен затвор, бидејќи осудениот најпрвин го убил Мицев, а потоа и вториот струмичанец, Ристо Иљашев.
-Недвосмилесмо се утврди од бројните докази дека Велев е сторител на убиството врз Мицев извршувајќи го убиството со огнено оружје од кое испукал два куршума од позади врз жртвата, која е убиена на подмолен начин, рече судијката Абрашева на денешното изречување на пресудата.