Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Според СВР Струмица во сообраќајката учествувале четири патнички возила.
Екипа на гевгелиската противпожарна единица била излезена со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, а екипа на ПС Гевгелија извршила увид на местото на настанот, извести ЦУК.
Сообраќајот бил насочен преку село Богородица.