Еден загинат во тешка сообраќајка на патот Гевгелија-Богданци

Едно лице загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера во 19:45 часот на патот Гевгелија-Богданци. Според СВР Струмица во сообраќајката учествувале четири патнички возила.

Екипа на гевгелиската противпожарна единица била излезена со едно противпожарно возило и тројца пожарникари, а екипа на ПС Гевгелија извршила увид на местото на настанот, извести ЦУК.

Сообраќајот бил насочен преку село Богородица.

Претходна вестВремето денеска во Скопје ќе биде облачно и студено со врнежи од снег
Следна вестСДСМ: Aко ДПМНЕ не ги поддржува сопствените предлози за техничка влада нема зошто ниту СДСМ да ги гласа