И до 20 пати зголемување на сегашните казни од областа на животната средина предлага Министерството за правда. Ова било прифатено на последната Владина седница со цел да се извршат промените во Законот за прекршоци.
-Измените ги регулираат прекршоците кои се однесуваат на непочитување на пропишаните стандарди од областа на животната средина, а кои се однесуваат на загадувањето на човечката средина предизвикана од човечките активности, се наведува во соопштението.
За физички лица досега глобите беа од 15 до 250 евра, а за правните лица глобите се од 50 до 10.000 евра во зависност од големината на правниот субјект.