Владино упатство: Може да сте групирани повеќе од четири лица кога чекате ред да платите сметки

Утврдени се исклучоци од мерката за забрана на групирање повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци, се наведува во владиното соопштение последната седница.

Во соопштението се наведуваат и конкретни ситуации во кои забраната нема да важи:

– за родители со деца од исто семејство;

– при организирање настава на отворено како дел од формалното образование во образовните институции и установи за згрижување деца;

– при чекање на постојка за превоз на патници;

– при професионални спортски тренинзи и натпревари;

– при организирање и одржување службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;

– При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби, како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;

– за лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животозагрозувачки состојби;

– при пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти поради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5-2 метра при добивање на услугата; и

– за вршење други активности што се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на привремените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми за постапување во согласност со оваа одлука.

Претходна вестПриведени татко и син, дома криеле „калашникови“, митралези, пиштоли, бомби, муниција…
Следна вест62-годишник од Скопје ја силувал сопствената ќерка