Темно Режим Светло Режим

И со новиот паркинг тешко оди паркирањето во Клинички центар

Секој кој со своето возило влегол во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ знае каков е проблем со паркирањето таму. Кога во мај во употреба беа пуштени новите паркинзи во кругот на Центарот, кај објектот на Гинекологијата и кај Инфективната клиника, беше најавено дека проблемот ќе биде решен.

Меѓутоа, состојбата од овој период укажува дека проблемот си остана, а тоа го покажуваат и нашите вчерашни фотографии. И новите паркинзи не можат да ги примат сите возила па граѓаните сега возилата пак ги оставаат возилата долж уличките, со што се созадава гужва.

Кругот на Клиничкиот центар по средувањето кое се направи летоска навистина сега е посреден, но заради бројните возила пак се доаѓа во ситуација граѓаните да тешко се движат по него. Очигледно, проблемот со паркирањето ќе треба да се решава на друг начин – со катна гаража.

Advertisement

Секако проблемот најдобро ќе се реши и со правење на новиот Клинички центар, кој само ни се ветува, па пак се ветува, па му се бара локација, па пак се ветува, па…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Општина Центар достави одговор на иницијативата против „мораториумот“

Следниот Пост

Двојниот убиец од Струмица осуден на доживотен затвор