Навреди и тешки зборови се слушаа денеска во општина Ѓорче Петров пред седницата на Советот на општината откако граѓаните од Иницијативниот одбор против урбано дивеење побараа да се преиспита ДУП за населбата Дексион Јурија. Во моменти ситуацијата беше на раб на физички иницидент кој, сепак, не се случи.
Граѓаните од Иницијативата, кои во изминатиов период одржуваа и протести против изградба на населбата зсо околу 800 станови за 3.000 жители, бараат да се намали катноста на зградите и укинување на одредбата која дозволува висина од 58 метри, Меѓутоа, Советот барањето повторно не го стави на дневен ред.
-Се гледаме пред Уставен суд, пред Обвинителството и на крајот се гледаме на улица со посериозни протести, изјавија од Иницијативата.
Од општината пак велат дека планот е донесен врз основа на комплетна документација од стручната служба во секторот за урбанизам и е согласно законот за просторно и урбанистичко планирање.
-Советот правно не може да разгледува Одлука која веќе ја изгледал. За тоа постои Управен суд, Виш управен суд, Уставен суд, изјавија од општината.