Караџовски: Населението ме разочара, а не е точно дека ние не сме подготвени

Разочаран сум од односот на населението и лицата кои требало да покажат пример како треба да се однесува за време на корона вирусот, изјави синоќа епидемиологот Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести. Во интервјуто за Македонска телевизија тој рече дека сега се наоѓаме во критична фаза.

-Ние се наоѓаме во критична фаза, од која не може да се вратиме назад, во време кога апелиравме да се почитуваат мерките. Факт е дека есенскиот бран со корона вирус подрани, но не е точно дека ние не бевме подготвени, потенцира тој.

Караџовски рече дека најголем дел од заболените доцна доаѓаат на клиника наведувајќи пример дека десетина случаи починале на пат, влез или при самата хоспитализација на инфективните одделенија.

-Се лечеа со надри лекари, беа убедени во тоа дека доколку дојдат Скопје ќе бидат поставени на респиратор и ќе починат. Дури и ме прашуваа кој ќе не лечи доколку бидеме хоспитализирани. Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни. Комисијата никогаш не дала дозвола да се организираат вакви настани. Моментално, ни се случува непочитување на мерките, не се носи маска, не се почитува дистанцата за време на кафе-разговорите и на се тоа ќе додадеме свадбите и погребите, вели Караџовски.

Според анализите направени од страна на Комисијата, 20 проценти од болните, борбата со вирусот ја губеле во првите три дена, додека пак 80 отсто од починатите лица имале и други заболувања.

Караџовски додава дека не е разочаран од луѓе кои лошо зборуваат за Комисијата, туку дека е разочаран од луѓето кои не даваат помош.

-Ако има некој три чисти да разговара со нас, нека повели на состанок на Комисијата за заразни болести секој понеделник и петок во 8 часот наутро во Деканатот. И секој ќе биде сослушан и ќе може да го каже своето мислење, истакна тој.

Претходна вестСкопје стаса до 3.551 случај на заразени, секој шести е во Аеродром
Следна вестНеразумното, од туѓо или домашно потекло, нема долготраен век!