Неразумното, од туѓо или домашно потекло, нема долготраен век!

Колумна на Наташа Котлар-Трајкова:

Просто е неверојатно, колку често некои луѓе го користат, и оној ум што го имаат, за да прават глупости! Деновиве ова нешто го има во изобилие.

Де зборуваат за заедничка историја, што во превод значи – бугарска, де македонскиот револуционер Г. Делчев (без научна подлога) веќе го прогласија за „заедничка историска личност“, де праќаат емисар во источната соседна држава, некогашен резил-премиер со сомнителна македонска определба, но со „длабоко знаење“ за „в’просот“.

Ама едно разбравме, дека оние со „кус памет“ имаат „длабок џеб“ и се силници на моментот. Ех, модерни времиња, какви ликови создавате… без труд, без чесност и совест!

И не само тоа, дури и отворениот безобразлук од бугарска страна за ништење на македонската антифашистичка и народноослободителна борба, ја толерираат без грам на отпор и долична реакција.

Но, за да бидеме барем малку пообјективни кон историските факти, како што вели еден великобугарски апологет, чија специјалност се „плакети и споменици“ ќе потсетам дека македонскиот етнички идентитет постоел и претходно уште пред „првата пушка“ да пукне против бугарскиот фашистички окупатор. Уште кога се создаде Бугарската Егзархија (1870) и на јаве излегоа „прашањата македонски“, за различноста од аспект на народност, јазик и црква – Охридска архиепископија. Затоа и ќе спомнам само за бугарскиот егзарх Јосиф I и неговиот однос кон македонскиот народ во османлиската држава.

Настојувајќи да го наметне бугарското национално сознание, неговото внимание пред сé било насочено кон воспитување на духовно недоволно созреаното население во Македонија и Тракија“. Во практика, тоа требало да биде процес на активна образовна работа кај споменатово население, заради стекнување, одржување и воспитување во „традициите; обичаите, верата, јазикот, во спомените за татковото огниште, во идеата за татковината и народната историја“ – (се)бугарскаАко нашите предци тоа го пренебрегнаа тогаш, ќе можеме и ние современата генерација.

Затоа, не губете верба, сето ова што ни се случува, а има туѓо или домашно потекло, ќе мине! Неразумното нема долготраен век!

Претходна вестКараџовски: Населението ме разочара, а не е точно дека ние не сме подготвени
Следна вестФрчат рекорди на сите страни: Скопските крадци лани украле 25 милиони евра, двојно повеќе од 2018 година