Темно Режим Светло Режим

Масовни протести во Унгарија: Објавени над 3.000 случаи на злоупотреба во државни домови

Десетици илјади луѓе синоќа протестираа во Будимпешта поради новообјавени информации за долгогодишен скандал со злоупотреба на деца во државни институции, јави ДПА.

Протестот беше организиран од опозициската Партија Тиса на лидерот Петер Маѓар, откако беше објавен владин извештај со над 3.000 случаи на злоупотреба во домови за згрижување. Извештајот бил завршен во 2021 година, но останал во тајност. Министерството за внатрешни работи го потврди неговото постоење.

Скандалот стана политички актуелен по оставката на претседателката Каталин Новак во февруари 2024 година, предизвикана од помилувањето на заменик-директор осуден за сексуална злоупотреба на деца.

Новите откритија, вклучувајќи и случаи на можен криминал во малолетнички затвор во Будимпешта, ја поттикнаа опозициската кампања на Партијата Тиса. Таа сега води во анкетите пред изборите закажани за април, според ДПА.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Мицкоски: По три децении се затвора едно важно прашање за Бутел

Следниот Пост

Тошковски: По 30 години работа во стар објект, пуштена во употреба новата полициска станица во Бутел