Ниска облачност со сончеви периоди и температура до 14 степени

Времето во Скопје денеска во претпладневните часови ќе биде со услови за појава на слаба магла и ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Утринската температура ќе се спушти до 1, а дневната ќе достигне до 14 степени.

На останатото подрачје во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 5, а дневната од 12 до 20 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран во понеделник ќе има повремени врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер.

Претходна вест„Улиште“ со македонска копродукција победи на американскиот филмски фестивал „Санденс 2021“
Следна вест55 пратеници го спасија Димитров од интерпелацијата