Нова ера на водоснабдување од Битола до Поешево и Логоварди – линијата е комплетно реконструирана

2

ЈКП „Водовод“ ја заврши реконструкцијата на водоводната линија Битола – с. Поешево – с. Логоварди, во должина од 6 километри. Со проектот, досегашните азбестно-цементни цевки се заменети со полиетиленски HDPE цевки, а се поставени и нови приклучоци за домаќинствата, обезбедувајќи комплетно нова водоводна мрежа која ќе го реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето и ќе го подобри квалитетот и сигурноста на водата за граѓаните.

Проектот е финансиран преку Министерството за транспорт и врски и Владата на Република Северна Македонија, во рамки на првиот повик, при што општината аплицирала со 16 проекти.

Вкупната инвестиција изнесува 29.349.605 денари.

Претходна вестГолем пожар во бараките на Макотекс во Карпош 4
Следна вестМеџити: Со Мастерпланот за Чаир, Чаршијата ќе го зголеми економскиот потенцијал