Темно Режим Светло Режим

Орце Ѓорѓиевски: За интересите на граѓаните нема неработен ден

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уште еднаш ја истакна својата посветеност кон граѓаните, нагласувајќи дека нивните потреби и интереси се негов приоритет.

И оваа сабота, вратите на Град Скопје беа отворени за сите граѓани кои сакаа лично да ги изнесат своите проблеми, идеи и предлози. Ѓорѓиевски потенцира дека за него нема неработен ден кога станува збор за интересите на граѓаните и дека отворената комуникација е клучна за одговорно локално управување.

„И сабота е работен ден кога станува збор за интересите на мојот народ. Денес ги отворивме вратите на Град Скопје за сите граѓани кои побараа прием, за да ги споделат своите проблеми, идеи и предлози“, напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој информираше дека со дел од граѓаните биле остварени и телефонски разговори, нагласувајќи дека секој глас е важен и секоја порака заслужува внимание. Како особено мотивирачка ја истакна поддршката што ја добил од граѓаните, кои, како што вели, му посочиле дека ретко кој градоначалник во минатото лично ги сослушал и примал.

„Тоа е огромна чест, но и обврска. Како што ветив – градот е отворен за сите. Без бариери, без затворени врати и без игнорирање“, порача градоначалникот.

Според него, сите проблеми и предлози се евидентирани, а решавањето ќе се одвива чекор по чекор, во директна соработка со граѓаните. Средбите, како што најави, продолжуваат во текот на целиот ден, а по потреба и во наредните денови.

„Скопје е наш град и обврската кон луѓето не завршува со работното време“, напиша Ѓорѓиевски.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Обид за убиство кај Охрид: Пукал во возач и со закани ја одвел сопатничката

Следниот Пост

Инцидент на Бит Пазар: Скопјанка пријавила физички напад од друга жена по расправија за паркинг