Големиот фудбалски мајстор, капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев, се огласи денеска преку „Инстаграм“ по синоќешната победа над Косово.
-Уште еден чекор до остварување на нашите соништа. МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, напиша Пандев на „Инстаграм“.
Радоста на Пандев е голема и поради постепеното остварување на сонот да заигра на Европско фудбалско првенство и така да ја круниса својата богата спортска кариера со освоени многу титули. Впрочем, тој можеби до сега и ќе и ставеше крај на кариерата ако не беше овој репрезентативен предизвик. Популарниот Гоче одлучи да продолжи со игра и оваа сезона, па најдобра круна на се што досега направи во кариерата ќе биде пласман на големо натпреварување. Останува само уште едниот чекор, кој Пандев и го најавува во пораката.
Секако, овој резултат донесе многу среќа, самодоверба и решителност кај сите играчи на македонската репрезентација.