Темен режим Режим на светлина

Македонија некомплетна на гостувањето кај Естонија во Лига на нации

Покрај суспендираниот Висар Муслиу, во тимот на Игор Ангеловски за дуелот со Естонија нема да бидат во комбинација и Аријан Адеми, Кристијан Тошевски и Егзон Бејтулаи.

Овие тројца не отпатуваа денеска за Талин поради повреда, остануваат неизвесни и за пресметката со Грузија закажана за во среда во Скопје.

Македонската репрезентација утре од 18 часот ќе истрча против Естонија во 3 коло од новата сезона во Лигата на нации.

По воедните две кола, нашата селекција е на првото место со четири бода колку што има и Грузија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

На кои есенски слави ќе се пребројуваме по дома, а и полицијата ќе ѕирка...

Следна објава

Тешко повреден пешак во Скопје