Алкалоид го победи Вардар 1961, ќе се бори за трофејот во Купот против Е. Пелистер

Алкалоид ќе му се спротивстави на Еурофарм Пелистер во борбата за трофејот во Купот на Македонија. Вечерва, Алкалоид славеше победа над бранителот на пехарот, Вардар 1961 со 25:24 (15:13).

Со исклучок на почетните минути кога црвено-црните поведоа со 4:0, натпреварот беше изедначен, а во финишот крајно драматичен.

Во последните осум минути Алкалоид влезе со предност 24:22. Во последната минута екипата на Кире Лазаров влезе со 25:24, не го искорсит последниот напад, а Вардар 1961 во последната секунда избори седмерец.

Голамнот Галевски го одбрани ударот на Срдановиќ. Најдобар стрелец на мечот беше Мартин Серафимов со седум гола, пред Арно Бинго со шест гола.

Финалниот натпревар во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се одигра в недела од 19:30 часот.

Претходна вестВеднаш да почне пресметка со криминалот, средување на здравството, наменско трошење на парите…
Следна вестУапсена вработена во МВР фатена со над 10.000 евра од измама