Македонскиот џин Теодор Симиќ пријавен во ростерот на Барса за Евролигата

Најталентираниот македонски кошаркар во моментов, Теодор Симиќ (16 год., 214 см), сезонава би можел да дебитира во дресот на шпанскиот гигант Барселона и тоа во Евролигата, откако каталонскиот тим го регистрира за настап на средбите од најсилното клупско натпреварување во Европа.

Како што јавува Sport1.mk името на нашиот суперталентиран центар се најде во друштво на ѕвезди како Никола Миротиќ, Ник Калатес, Томас Ертел, со оглед што ја доби довербата на новиот предводник од клупата, поранешната европска играчка легенда, Шарунас Јасикевичиус.

Претходна вестПриведени 10 лица меѓу кои пет малолетници во локал во Тетово
Следна вестАрсовски: Евидентна е приватната блискост меѓу Димова и сопственикот на фризерницата кој доби 270.000 евра