Пораснати сме и ќе го дадеме максимумот на ЕП во одбојка

Kолумна нa Дарко Ангеловски:
 
Досега, веќе многу е кажано за нашиот неодамнешен успех да се пласираме на Европското првенство во одбојка. Навистина, не е мала работа вторпат по ред да влеземе меѓу најдобрите екипи на Стариот континент. Успех е тоа, како на секој на од нас индивидуално (мислам и на играчите и на стучниот штаб), така и колективно, како тимот. Таму сме каде што заслуживме благодарение на напорните подготовки од месец дена, благодарение на посветеноста, на тоа што не калкулиравме туку имавме јасна цел. „Само работа, само работа“ ни беше мото цело време. И знаевме дека тој труд, тој напор ќе ни се врати како бумеранг по што ќе се израдуваме како што треба.

Сега, кога ќе се најдеме на ЕП, кога тоа ќе започне, кога ќе почнат првите битки за поени, први сервиси, први смечеви… човечки е да се надеваме дека овојпат ќе постигнеме повеќе од минатиот. Искрено, целиме на подобро и имаме основа за тоа. Пораснати сме, посигурни во себе, сакаме повеќе. Тоа е оној внатрешен глас што сега го слушаме во себе. Влез во нокаут фаза ќе ни биде вистинска сатисфакција. Не е тоа невозможна мисија иако сите репрезентации таму ќе бидат дојдени со иста цел. Сепак, што и да се случи, како и да испадне на крајот, сакам јавноста во Македонија да знае дека ние на теренот даваме се од себе, дека не води само желба достојно да ја претставуваме нашата земја, дека сакаме да победиме. Некогаш, за победа, за пласман натаму, и тоа не е доволно оти ќе наидете на подобри од себе, некогаш нема да ви биде денот. Но, сакам сите да знаат дека ние ќе го дадеме својот максимум.

Ме радува и тоа што одбојката во Македонија оди на подобро. Што и да се случи на ова ЕП треба да се знае дека приказната тука нема да се прекине. Односно, убеден сум дека нема да ни се случи она што се нарекува како „прекин на континуитет“. Сите треба да не радува што во текот на изминативе натпревари што сме ги играле се воде дека се појавуваат нови дечки, нови деца кои покажаа дека имаат потенцијал. Не треба да не сме искрени и да признаеме дека, сепак, и на оваа генерација еден ден ќе и треба замена. Имаме играчи над 32, 33 години и на нивни позиции треба да дојат помлади играчо. Таков е редот и на тоа се работи во тимот. Ова лето пред нас ќе го користиме и за тоа и сигурне сум дека ним се повеќе ќе им се дава шанса и можности за напредување. Со тоа и репрезентација но и домашната лига ќе бидат појаки и поодбри.

Она што посебно сакам да го потенцирам тоа е израз на благодарностм до медиумите, до сите луѓе кои не поддржуваат. Тоа е еден голем ветер во нашиот грб и кој ни дава дополнителен стимул да бидеме подобри. Сега ние сме на потег, да покажеме колку ја сакаме одбојката, колку добро знаеме да ја играме, колку ја сакаме нашата Македонија, нашата вечна татковина.

Претходна вестЌе ја следиме регулативата на ЕУ: Дали Заев го смени ставот за националноста во личните карти?
Следна вестМицкоски: Собрани се 25.000 потписи за неколку часа, Македонија не сака фалсификат попис