Ќе ја следиме регулативата на ЕУ: Дали Заев го смени ставот за националноста во личните карти?

Секако на крајот ги следиме сите европски одлуки и регулативи, затоа што сакаме и да бидеме членка на ЕУ.

Ваква изјава даде денеска премиерот Зоран Заев кој во друштво со евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир во Струмица ја отвори Европската куќа.

-Кај нас дебатата за правото на граѓаните доколку сакаат на својата лична карта да стои и етничка припадност е отворена, а како земја – кандидат за членство во ЕУ императив е усогласување на домашното законодавство со европската регулатива, изјави денеска Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали вметнувањето на етничката припадност во личните карти е спротивно на европското законодавство.

За разлика од денеска, тој вчера рече дека впишувањето на етничката припадност во личната карта не се коси со ниту една регулатива и досега не добиле забелешка од ниту еден амбасадор, како што тврдеше лидерот на ВМРО-ДППМНЕ Мицкоски.

Евроамбасадорот Гир, пак, ја повтори вчерашната изјава дека релевантната легислатива за тоа спаѓа во делот на Општата регулатива за заштита на податоците – ГДПР, која стапува на сила во август и според која етничката и религиозна припадност, како и други елементи се забранети.

Тој потсети дека со почеток на преговорите, фокусот ќе биде на сите детали во усогласувањето на националното законодавство со правилата и стандардните на ЕУ и ќе биде особено важно двете законодавства да бидат хармонизирани.

Претходна вестКовид-19: 10 починати и 449 нови заразени со корoнавирус во 24 часа
Следна вестПораснати сме и ќе го дадеме максимумот на ЕП во одбојка