Променливо облачно, температура до 11 степени

Времето во Скопје и околината претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намали. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.

Слично време се очекува и во останатиот дел од Македонија. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Од утре времето ќе биде стабилно и претежно сончево. Во претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност, особено утре. Температурите ќе бидат во пораст и од вторник ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе услови топење на снежната покривка на планините

Претходна вестКој треба да биде казнет што немедицински персонал се вакцинирал?
Следна вестНовковска: Пописот мора да се одложи за да се отстрани големиот број на недостатоци