Македонските кошаркари победија, но естонските ќе одат на ЕП

И покрај силните надежи македонската кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира на Европското првенство кое ќе се одржи следната година. Денеска нашите кошаркари ја победија Естонија 86-84, но тоа не беше доволно за пласман на првенството бидејќо беше нужна победа со над 10 поени разлика.

Клучно за неуспехот беше лошо одиграното прво полувреме. Наместо ние да водиме – ако сакаме победа, по првата четвртина Естонија водеше со 27-18.

Меѓу македонските кошаркари најмногу се истакнаа Ненад Димитријевиќ со 23 поени, Бојан Трајковски со 21 и Џејкоб Вајли со 16 поени.

Да потсетиме Естонија не победи во Скопје и таа победа со повеќе поени разлика им овозможи да одат на ЕП.

 

Претходна вестСкопје сака да биде Европска престолнина на културата, додека во Петровец се копа канализација
Следна вестОграбиле обложувачница во Ченто, испукале куршум, направиле сообраќајка и избегале