Сончево со попладневен умерен ветер

На скопското подрачје денеска ќе биде сончево со слаб, а попладне умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

На останатото подрачје во Македонија времето денеска ќе биде сончево и потопло со слаб до умерен ветер од северозападен правец, особено вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

Преку ноќтта беше ведро и тивко, а изутринава е сончево на места со слаб северен ветер. Во делови од Скопската котлина и во Демир Капија има слаба магла.

Најмногу снег, според мерањата на УХМР изутрина во седум часот има на Попова Шапка, каде снежната покривка е 34 сантиметри, додека на Маврови Анови има осум сантиметри снег, шест во Крушево, три во Лазарополе.  Најниска температура, пак, е измерена во Берово -4 степени,  а  -3 во Скопје-Петровец, Битола, и Маврово, -2 Тетово, Струмица, Д.Капија и Лазарополе, -1 во Гевгелија. На останатите места се регистрирани температури над нулата.

Претходна вестСедумдневна интерактивна уметност на учениците од средно уметничко училиште
Следна вестДобра иницијатива: ОМД бара од Нетфликс, Амазон и Линкдин да воведат македонски јазик