Седумдневна интерактивна уметност на учениците од средно уметничко училиште

Седумдневна програма исполнета со секаков вид на уметност организираат учениците од средното уметничко училиште „Лазар Личеновски” – Скопје. Стартува на 26 февруари, а ќе трае до 4 март, во просториите на КОРА, Нов салон, од 18 часот.

Станува збор за интерактивна уметност, во која освен визуелната, литературата, музиката, ќе има и театар, а е инспирирана од корона-пандемијата. Започнува со настапот на Никола Јовановиќ со својот сатиричен монолог во 20.00ч, а влезот сите денови е слободен.

Следниот ден, во сабота, е предвидена „ноќ на трагикомедијата” на која ќе настапат: Христина Пентиева со драмски монолог насловен „Анка и Дигиталка“ во 18.00ч. и Емануела Ковачевска Китановска со својот драмски монолог „Без Наслов“ во 20.00ч.

Претходна вестГолем дел од скопјани се против нови имиња на улиците, и бранителите се кренаа, но Советот денеска расправа
Следна вестСончево со попладневен умерен ветер